Погледнете го рокот на траење на кремата за сончање!- Слободен печат
ЗдравјеМагазин

Погледнете го рокот на траење на кремата за сончање!

Доколку имате стара крема за сончање би требало добро да ја проверите пред да ја понесете со себе на одмор.

Ние ви откриваме како да препознаете кога е време да ги фрлите кремите за сончање.

Доколку имате стара крема за сончање би требало добро да ја проверите пред да ја понесете со себе на одмор.

Британскиот дерматолог Мервин Патерсон откри дека освен наведениот рок на траење постојат неколку знаци кои можат да ви откријаат дека кремата не смеете да ја користите повеќе.

„Доколку приметите промена во мирисот и текстурата на кремата, во таков случај без оглед на рокот стиснат во амабалажата, подобро ви е да си купите нова“, истакна докторот.

Патерсон додаде дека во главно овие креми имаат рок на траење до година, „внимавајте освен што сонцето ќе ве изгори ќе ви се појави и иритација на кожата“, заклучи тој.

За да го продолжите векот на вашите креми докторот советува да ги чувате на ладни места на кои нема да бидат во контакт со сончевата светлина, идеално место за тоа би било вашиот фрижидер за храна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close