Погледнете го првиот трејлер за филмот „Џокер“ ВИДЕО

Принтскрин/Јутјуб

Со Жоакин Феникс во главната улога, Ворнер брос го објави првиот трејлер за филмот „Џокер“, кој е дел од светот на „Ди си комикс“.

Режисер на овој филм е Тод Филипс и се верува дека ќе биде едно од најголемите филмски остварувања оваа година.

Претходно во улогата на Џокерот го гледавме Џаред Лето, во „Одредот на отпишаните“, но фановите на „Ди си“ не беа задоволни од неговата екранизација на овој впечатлив лик. Најуспешни во улогата на Џокер досега биле Џек Николсон и Хит Леџер.

Сепак, новиот трејлер, со кој се најавува реализацијата на филмот „Џокер“ на 4 октомври, влева надеж дека Феникс успешно ќе се снајде во оваа улога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот