ПОГЛЕД ШТО ОСВОЈУВА: Истакнете ги очите со овие шминкерски трикови

очи шминка

Со малку вештина и правилен избор на козметички производи, можете да ги истакнете очите и да ги направите да изгледаат визуелно покрупни.

Следете ги овие совети и ќе го постигнете тоа на многу едноставен начин.

Нагласете го и долниот капак

Со помош на бело или беж моливче за очи, нанесете линија на долниот капак на окото, за да постигнете и природен изглед, но и да го истакнете овој дел од вашето лице.

Хајлајтер под веѓите

Нанесете сосема малку хајлајтер веднаш под надворешниот агол на веѓите. Овој трик ќе го прикрие уморниот поглед.

Правилно нанесување коректор

Под очите нанесете коректор на деловите кои се потемни. На тој начин избегнувате окото да изгледа пропаднато во лицето.

Подигнете ги трепките

Само еден слој маскара прави голема разлика, а ако умеете со виткачот за трепки, тогаш резултатот ќе биде уште повпечатлив. Не заборавајте да нанесете маскара и на долните трепки, колку и да се ретки.

Црн туш за очи

Нацртајте сосема тенка линија веднаш над горните трепки. Само толку е доволно за да се направи драстична разлика во изгледот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот