Поглед на еден маж кој сака да остане анонимен: Три УЖАСНИ митови за жените!

Profimedia

Момци, крајно време е да се прегрупираме, да ги збиеме редовите и да тргнеме во против напад.  Не сте под притисок? Зарем не гледате дека „тие“ (нас не) играат по цел терен, ни дишат во врат и не ни даваат да живееме. И уште тие „кревки“ суштества добро се наоружани, со митови.

Ова е искрена „исповед“ на еден маж, кој, за сега, сака да остане анонимен. 

Еден од пострашните митови за жените е оној дека тие, демек, подобро се снаоѓале со парите. Нека не туку ве лажат! Само замислете си го следново сценарио – влегувате во ресторан со девојка, нарачувате за двајца, а таа обично инсистира на поскапиот дел од менито, го залевате тоа со шише вино, и кој на крај ја плаќа сметката? Па, секако, вие. Ако не ја платите, ќе ве убедат дека дома добро не ве воспитале.  А после сè, големо е и прашањето дали ќе добиете едно „благодарам“ или барем една насмевка.

Мажите се редовно обвинети дека арчат пари на непотребни инвестиции. А баш штедливите жени парите ги трошат на апсолутни глупости. На пример, на десет чифта чевли, сите сличен или ист модел. Во една средена земја, на пример, каква што е Англија, направено е и цело истражување за тоа. Што покажува? Дека жените трошат половина милијарда фунти повеќе од мажите. И уште тврдат дека тоа го прават поради нас, за да ни бидат попрекрасни.

– Може вечер да облечеш чипкаст корсет поради мене?

– Може, ако ми го купиш! Баш видов еден таков, преубав, не е ни нешто претерано скап, во…А кога сме веќе таму, во близина има и една продавница за чевли, знаеш каква „штикла“ имаат….

Ви се загрева мозозок, нели? Ви доаѓа да вреснете – море, натни ги тие „штикли“ и шетај!

Уште еден страшно манипулаторски женски мит е дека тие кревки, нежни суштества полесно поднесувале болка и од најголемите мажишта. Раѓањето како аргумент е низок удар. Ај пробајте само испуштете глас кога ќе си го смачкате прстот додека и ги разместувате шкафовите полни со гардероба по соба. Веднаш ќе ви каже „јас раѓав, па не направив толкава драма!“.

За среќа, во Америка своевремено е истражувана границата на болката кај двата пола со притискање на нервните клетки. Резултатите се дека мажите подобро ја поднесувале болката. Ама, оди па објасни ѝ…Таа не им верува на истражувањата, зашто нејзината болка, која ја поднесува, а најчесто произведена од неа самата. Ма само таа може се тоа да го издржи!

И кога сме кај болката….А кој уште вози велосипед со украсен рам? Таа или вие?

Трет ужасен мит е дека тие биле повнимателни возачи. Е, сега, дека не знаат да паркираат, не знаат, ама барем не возеле како дивјаци. Кога ваква или слична навреда ќе добиете следниот пат, џентлменски понудете и го возачкото место, зашто лесно е да се коментира како совозач, особено кога сте тргнале на долг пат и да се прават споредби со нејзините релации од дома до кај мајка и, на помалку од километар оддалеченост. Сообраќајните факти покажуваат дека жените го прават сообраќајниот хаос и дека тие ги прекршуваат правилата. Повеќе од мажите. А новите генерации девојки апослутно ќе предничат во создавањето на хаос на патиштата. Со тоа што тие и никогаш нема да научат да менуваат гума. Ниту да паркираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот