Поглед кон Скопје од птичја перспектива

Доријан Миловановиќ е визуелен уметник, кој неодамна ја смени перспективата и се вивна во облаците. Последниве неколку години работи на свој видеопроект за Скопје, кој вклучува агли од птичја перспектива направени од кровови на згради, околните скопски брда и планини. Во целиот тој материјал ќе бидат вклучени и снимки со дрон, а воедно успева да сними и агли што претходно му биле недостапни. Долги години фотографира во својот град, меѓутоа отсекогаш го интересирало како изгледа градот Скопје од горе. Направените фотографии се своевидно истражување и откривање на тие нови перспективи на Скопје.

Железничка станица
УКИМ
Даутпашин амам
Плоштад „Скендербег“

(Текстот и фотографиите се објавени во „Културен печат“ број 75, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 3-4 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот