Поглаварот Реџепи: Петочната молитва во џамија, другите индивидуално дома

Поглаварот на Исламската Верска Заедница, Сулејман Реџепи во изјава за Алсат-М, изјави дека ИВЗ одблизу ја следи состојбата со коронавирусот и дека ги почитува препораките на Министерството за Здравство.

Тој додаде дека Петочната молитва треба да се одржи во џамија, додека за другите молитви препорачано е верниците да ги реализираат индивидуално во нивните домови.

-Во нашите џамии максимално може 100, 200, 300 лица да се молат на петочната молитва. За другите молитви, препорачуваме верниците да ги реализираат индивидуално во своите домови. Целата работа е со Петочната молитва, која што е неопходно е да се изврши во верски објект и да има предводник. Тоа што сакам да го кажам е дека, никој не треба да се грижи дека во џамиите  може да се прошири вирусот. Сите џамии имаат секојдневна мерка на дезинфекција, изјави поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

Според него затворањето на џамиите би предизвикал паника кај граѓаните.

-Ние како ИЗВ стоиме на ставот дека ако ги затвориме џамиите, прво верски гледано не е во ред, исламски ова не е во ред и мене ми остава впечаток дека ние тогаш култивираме паника, а да култивираш паника е полошо од коронавирусот, додаде Реџепи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот