Погба ужива во играта на Јунајтед, сака нов договор 

EPA-EFE/Peter Powell

Французинот изјави дека е задоволен од актуелната состојба во Манчестер јунајтед и со тоа индиректно порача дека е подготвен да остане на „Олд трафорд“.

Пол Погба се наоѓа во последната година од актуелниот договор со Манчестер јунајтед, но клубот има опција да ја активира клаузулата и да го продолжи договорот за уште една година, и најавите се дека „црвените ѓаволи“ сакаат да го задржат Французинот.

Но, англиските медиуми сметаат дека Јунајтед е подготвен да оди и чекор понатаму и да му понуди нов договор иако на почетокот од сезоната францускиот репрезентативец бараше да биде продаден.

Од почетокот на годинава со доаѓањето на Бруно Фернандеш, екипата се препороди и игра фантастично, Јунајтед се наоѓа во серија од 16 натпревари без пораз во сите натпреварувања и се врати во трката за пласман во Лигата на шампионите, додека веќе е во полуфиналето на ФА купот и ќе игра во завршницата од Лигата на Европа.

Погба во разговот за „Јунајтед ривју“ изјави дека повторно ужива во фудбалот, посебно во атрактивниот напаѓачки фудбал кој го игра екипата со што индиректно најави дека е подготвен да преговара за нов договор.

– Гледам се од позадина и уживам. Обожувам да гледам како Бруно Фернандеш, Марсијал, Мејсон Гринвуд и Рашфорд постигнуваат голови и можете само да им аплаудирате. Тие прават да уживам во фудбалот. За да станеме топ клуб мораме да го заборавиме последниот натпревар и го правиме тоа. Играме добро, го забораваме тој натпревар и се мислиме на наредниот. Целта мора да ни биде да напредуваме и никогаш да не бидеме задоволни со стореното. Секогаш мора да сакаме повеќе бидејќи за мене Манчестер јунајтед е најголем клуб во Англија – вели Погба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот