Погба си оди од Јунајтед за 150 милиони евра!?

twitter.com/Realmadridplace

Според шпанската радио станица „Копе”, Пол Погба целосно се опорави од повредата поради која не играше скоро два месеци.

Но, тој нема намера да ја продолжи кариерата во Јунајтед и сака трансфер во текот на зимскиот преоден рок.

Се шпекулира дека негов нареден клуб треба да биде Реал Мадрид, а од трансферот се очекува клубот од Манчестер да добие 150 милиони евра.

Менаџерот на екипата, Оле Гунар Солскјер повеќе не е против продажбата на Погба, иако летото беше категорично против прекин на соработката со него.

Оваа сезона Погба одигра „само“ пет натпревари во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот