Погба: Секогаш ќе се борам за Манчестер јунајтед – бла, бла не е важно!

Нема никакви најави за продолжување на договорот на Погба со Јунајтед/Фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

Францускиот играч за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба излезе со нова порака до клубот, навивачите и неговите соиграчи.

Преку социјалните мрежи напиша дека иднината е далеку, алудирајќи на тоа дека работите може да донесат пресврт за иднината, но и покрај сè, моментно тој е 1000% посветен на екипата.

Ова доаѓа само неколку дена откако неговиот агент Мино Рајола во интервјуто за „Туторпорт“ изјави дека играчот не е задоволен од „Олд Трафорд“ и дека неговото време во Манчестер заврши. Ова предизвика бран коментари против Погба, додека менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјаер одби да ги коментира најавите на Рајола и можното заминување на светскиот шампион од „Олд Трафорд“:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul Labile Pogba (@paulpogba)

– Секогаш сум се борел и ќе се борам за Манчестер јунајтед, моите соиграчи и навивачите. Бла, бла, не е важно. (Французинот очигледно се повикува на многуте коментари на оваа тема за неговата иднина). Иднината е далеку, само сегашноста е важна и јас сум вклучен 1000%! Ние сме секогаш силни заедно. Сè што е меѓу мене и клубот е јасно и тоа никогаш нема да се промени. Кога не знаете што се случува внатре (во клубот), не зборувајте – напиша Погба на својот „Инстаграм“ профил.

Потоа тој завршува со ознаки кои велат – зборувај ја вистината или молчи. Вчера беше стартер и помина 90 минути на теренот во дербито во Манчестер помеѓу Јунајтед и Сити, кое заврши нерешено.

Погба повторно шокира, крај на соработката со контроверзниот агент?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот