Погба се враќа на местото на успехот
Веднаш откако спортскиот директор на „старата дама“, Фабио Паратичи оствари средба со претставниците на Манчестер јунајтед, Јувентус достави официјална понуда со која се надеваат дека ќе го реализраат трансферот на годината.
Јувентус и официјално понуди 140 милиони евра за фудбалерот на Јунајтед, Пол Погба, кој е голема желба на новиот тренер Маурицио Сари.
Голема конкуенција на Јувентус во трката за потписот со Погба е Реал Мадрид кој ја започна „лицитацијата“ со 125 милиони евра.
Пол Погба на почетокот од неделата изјави дека е време за промена и најави заминување од Манчестер јунајтед бидејќи е незадоволен од резултатите на екипата која во последните години падна во сенка на градскиот ривал, Манчестер сити. За него постојат само два клуба, Јувентус и Реал Мадрид но се чини дека поблиску до потписот со Французинот е „старата дама“.
Пол Погба е дете на Манчестер јунајтед но како млад и непознат фудбалер во 2012 година премина во Јувентус каде стана еден од најдобрите фудбалери во Европа. Пет години подоцна за рекордни 105 милиони евра, францускиот репрезентативец се врати во матичниот клуб. Меѓутоа игрите во последните три години, тој не е ниту сенка од Погба од времето во Јувентус и поради тоа сака да си замине.
Пол Погба во дресот на Манчтестер јунајтед одигра 142 натпревари и постигна 31 гол и имаше 29 асистенции. Во петте години поминати во Јувентус, тој настапи на 178 натпревари и имаше учинок од 34 голови и 43 асистенции.