Погба сака да си оди Солскјер, Јунајтед веќе „договори“ трансфер?

twitter.com/MirrorFootball

Французинот постави услов во преговорите за евентуален нов договор со „црвените ѓаволи“, а воедно можно е да биде продаден Ентони Марсијал…

Французинот има договор со „црвените ѓаволи“ до 30 јуни 2021 година, но прашање е дали истиот ќе го почитува до крај?

Од друга страна, можно е Пол Погба да остане во Манчестер јунајтед, но само доколку си оди менаџерот Оле Гунар Солскјер.

После „конфликтот“ меѓу агентот на играчот, Мино Рајола, и норвешкиот стратег, како и некои изјави за Погба кои се разликуваат од оние ланските за кои се зборуваше во Австралија, сега Французинот поставува „услов“ во преговорите околу новиот евентуален договор.

Но, многумина сметаат дека проблемот е во играчот, не во менаџерите, а не стоеше најдобро ниту со претходниот менаџер, Жозе Мурињо.

Погба би можел да си замине, единствено треба да се размисли околу цената. Има интерес од неговиот поранешен клуб, Јувентус, кој сака да го доведе на попуст, Арон Ремзи и околу 60 милиони евра. Воедно екипата од „Олд Трафорд“ минатото лето одбија 150 милиони евра од Реал Мадрид.

Инаку, Манчестер јунајтед веќе „најде“ замена за Погба, имено, тој се договори со одличниот Џејмс Медисон од редовите на Лестер сити.

Брендан Роџерс веќе бара замена, прва „мета“ е Калум Мекгрегор кој го тренираше во Селтик и кој би вредел околу 30 милиони евра.

Да додадеме уште дека Јунајтед размислува да го продаде Ентони Марсијал, кого го посакуваат Интер и Барселона, со цел се зголеми буџетот за летниот преоден рок, но и се ангажира уште еден напаѓач кој ќе гарантира голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот