Се поизвесно е дека Пол Погба на крајот до сезоната ќе си замине од Манчестер јунајтед.
Манчестер јунајтед се наоѓа во завршни преговори, односно според англиските медиуми 90% од трансферот е завршен и на крајот од сезоната Хакан Чалханоглу ќе се пресели на „Олд трафорд“.
Според истите извори, Чалханоглу убедливо најдобрата понуда ја има токму од Јунајтед, а потписот на договорот се очекува да биде ставен во јануари кога ќе и официјално да преговара со екипите.
Договорот на Чалханоглу истекува на крајот од сезоната, а освен Манчестер јунајтед, голем интерес за услугите на турскиот репрезентативец пројави и Јувентус. Медиумите во Италија кренаа прашина по посетата на Чалханоглу на Торино, но фудбалерот изјави дека не разговарал со Јувентус туку бил во приватна посета на својот пријател Демирел.
Понудата на Јувентус изнесува четири милиони евра по сезона, што е далеку помалку од таа на англискиот тим од седум милиони годишно и не чуди зашто од јуни иднатата година Чалханоглу ќе се пресели на „Олд трафорд“, а тоа значи крај на авантурата на Погба во Јунајтед.