Погба може да си оди од Манчестер јунајтед

twitter.com/Realmadridplace

Уште во минатото Погба се поврзуваше со заминување од Манчестер јунајтед, а според тврдењата на „Дејли Мејл“, тоа конечно би можело и да се случи.

Наводно, раководството на тимот од „Олд Трафорд“ е подготвено да ги слуша понудите за еден од нивните најквалитетни фудбалери, а како нова дестинација се шпекулира Реал Мадрид.

Но, ниту премиерлигашкиот гигант не сака да остане со „празни раце“. Евентуалните пари кои ќе ги добијат од трансферот на Погба ќе ги инвестираат на нови засилувања, а цел е ангажирање на двајца играчи од средниот ред.

Јунајтед покажува интерес за услугите на Саул Њигез од Атлетико Мадрид и Дони ван Де Беек од Ајакс и убеден е дека од нив ќе имаат поголема корист од Французинот кој сезонава никако да има редовна минутажа поради повредите.

Погба не се прослави од враќањето на „Олд Трафорд“ во 2016. година. Играше поприлично слабо, со повремени блесоци, а во 141 натпревар постигна 31 гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот