Погба ќе потпише нов договор со Манчестер јунајтед!?

фото: твитер

Иако веќе долг период се шпекулира со заминување од „Олд Трафорд“, сега има најави дека сепак ќе остане во составот на Оле Гунар Солскјер.

Пол Погба (27) би можел наскоро да потпише нов договор кој би траел до јуни 2025 или 2026 година.

Така, францускиот интернационалец можно е да одбие понудите кои доаѓаат од ПСЖ и Реал Мадрид, ниту пак со желба да се врати во редовите на Јувентус.

Светскиот шампион пропушти половина од сезоната поради повреди, но сега е редовен со настапи од враќањето на терените после паузата поради Ковид-19.

Има само еден гол во 14 натпревари, неговиот важечки договор со „црвените ѓаволи“ истекува на 30 јуни 2021 година, а моментно според „Трансфермаркт“ вреди 80 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот