Погба ќе испорача барање до управата на Јунајтед

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Пол Погба набрзо и официјално ќе побара да биде продаден, пишуваат англиските медиуми. Французинот не се откажува од намерата да си замине од „Олд трафорд“, а се чини дека и во Јунајтед се помирија со податокот дека ќе останат без него па управата се обидува во најкус можен рок да го договори трансферот на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон.

Според медиумите во Англија, Погба по секоја цена сака да си замине од Манчестер јунајтед, дека нема намера да се појави на подготовките и веќе го известил менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер дека сака да си замине.

Тој сака кариерата да ја продолжи во еден од двата клуба кои се најзаинтересирани за него, Јувентус и Реал Мадрид но тие не се подготвени да платат 170 милиони евра во кеш. И шпанскиот и италијанскиот тим се обидуваат да вметнат фудбалери во еветуалниот трансфер на Погба, Реал Мадрид е подготвен да искешира 80 милиони евра и да го прати Герет Бејл на „Олд трафорд“. Проблем може да претставува најавата на Бејл дека нема намера да го напушта Реал Мадрид и по цена целата сезона да ја помине на клупата на резервни играчи. Поради тоа, „кралевите“ имаат резервен план, на местото на Бејл, да го понудат Марко Асенсио.

Понудата на Јувентус изнесува 70 милиони евра во кеш и да го пратат Пауло Дибала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот