Погба: Имав многу понуди, но срцето ми рече Јувентус

Пол Погба ги воодушеви навивачите на Јувентус/фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Францускиот репрезентативец Пол Погба по шест години поминати во Манчестер јунајтед, и официјално се врати во Јувентус.

Погба го играше најдобриот фудбал во кариерата токму носејќи го дресот на Јувентус од 2012 до 2016 година, а денеска на официјалната промоција изјави дека е пресреќен што се враќа во Торино иако „старата дама“ пред шест години го продаде на Јунајтед за 105 милиони евра.

– Разговарав со Масимилијано Алегри кога бев во Манчестер. Добив многу понуди, но срцето ми рече Јувентус. Се што сакав беше ова враќање. Имав многу проблеми во Јунајтед, повреди, промени на тренери и позиции на теренот – изјави Погба.

Погба од 2012 до 2016 година одигра 177 натпревари за Јувентус и постигна 34 гола и имаше 40 асистенции. Со Јувентус во сите четири години ја освојуваше титулата во Серија А, а еднаш играше и во финалето на Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот