Погба и Де Геа ќе ја испразнат касата на Јунајтед

EPA-EFE/PETER POWELL

Двете најголеми ѕвезди на Манчестер јунајтед ја шокираа управата со своите побарувања за да потпишат нови договори со англискиот тим.
Прв кој своите желби ѝ ги кажа на управата е Пол Погба, кој бара неделна плата од неверојатни 500.000 фунти за да потпише нов договор и се заканува со евентуален трансфер во Реал Мадрид. Тој неодамна изјави дека му е сон да игра за Зинедин Зидан во Мадрид, но веднаш потоа ретерираше во изјавата кажувајќи дека добро се чувствува и во Манчестер.

„Не е тајна дека го сакам Пол, но не можам да зборувам за евентуален трансфер. Но доколку си заминува од Манчестер, се надевам дека ќе нè избере токму нас“ вели Зидан.

Засега преговорите се во ќорсокак, бидејќи англискиот тим не сака да му ја исполни оваа желба на Погба и се надеваат дека и фудбалерот и неговиот менаџер Мино Рајола ќе омекнат и ќе ги намалат барањата.

Главоболките на челниците на Манчестер се зголемија откако и голманот Давид Де Геа вчера истакна дека и тој како најдобар голман во Премиер лигата заслужува плата од половина милион фунти неделно.
Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед нема шанси да им ги исполни желбите и на двајцата играчи, еден ќе биде жртвуван и тоа најверојатно ќе биде Французинот. Англискиот тим е подготвен да го прати Погба во Реал Мадрид доколку во замена ги добие Герет Бејл и Тони Крос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот