Погба донесе одлука, ќе биде еден од најплатените во историјата на Премиер лигата

Сегашниот неделен приход на Погба треба да се зголеми за најмалку 50 проценти/Фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

Според угледниот француски медиум „Л’Екип“, францускиот играч за врска донесе одлука да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ и со тоа да стане еден од најплатените играчи во историјата на Премиер лигата. Неговиот сегашен неделен приход треба да се зголеми за најмалку 50 проценти.

Актуелниот договор на Французинот на „Олд Трафорд“ истекува во јули 2022 година, ПСЖ, Јувентус и Реал Мадрид веќе покажаа отворен интерес, но според „Л’Екип“, приоритет на играчот е да го продолжи договорот со Јунајтед, иако тој покажа отворена желба да го напушти клубот.

Во моментов Погба заработува 290.000 фунти (околу 340.000 евра) неделно, што е значително зад Кристијано Роналдо (510.000 фунти), а во меѓувреме го престигнаа уште Кевин де Брујн (400.000), Давид де Геа (375.000), Џејдон Санчо 350.000), Рафаел Варан (340.000), Ромелу Лукаку (325.000), Џек Грилиш (300.000) и Рахим Стерлинг (300.000).

Погба се врати во Манчестер јунајтед од Јувентус во 2016 година, во трансфер вреден 105 милиони евра, откако во 2012 година од „Олд Трафорд“ беше испратен во Торино во 2012 година како слободен играч и стана еден од најбараните играчи за врска на Стариот континент.

Со Јувентус имаше четири титули во Серија А, по два трофеи во Купот и Суперкупот на Италија, а со Јунајтед по еднаш ги освои англискиот Лига куп и Лига Европа во сезоната 2016/17.

Повеќе нема пречки, саудискиот принц доаѓа во Премиер лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот