Пофлексибилна пролетната оценка на ЕК за економиите на земјите членки

На среден и долг рок, Европската Комисија очекува враќање кон одржлив и инклузивен раст, со изразен фокус врз дигиталната и еколошката трансформација.

Фокусот мора да биде на економското закрепнување па затоа пролетната оценка и препораки на Европската Комисија за економските политики на земјите членки на ЕУ ќе биде пофлексибилна. Најважно ќе биде справувањето со социоекономските предизвици од здравствената криза.

На среден и долг рок, Европската Комисија бара враќање кон одржлив и инклузивен раст, со изразен фокус врз дигиталната и еколошката трансформација.

Флексибилноста на ЕК во своите проценки е одраз и на одлуката на Комисијата да дозволи скршнување од строгите буџетски правила за јавниот долг и дефицит на земјите, донесена минатиот месец, во екот на кризата.

Во овој контекст, Европската Комисија за прв пат нема да отвори ниту една процедура против земјите членки на ЕУ за непочитување на правилата на буџетскиот дефицит, изјави потпретседателот на ЕК, Валдис Домбровскис.

Европската Комисија ги повика земјите членки да се фокусираат максимално на борбата против невработеноста како врвен приоритет, изјави Никола Шмит, еврокомесар за труд и социјални работи.

За таа цел, Европската Комисија воведе нова алатка на финансирање на системите на невработеност на земјите членки, која треба во да стане оперативна во наредните недели.

Ито така Европската Комисија побара од земјите максимално да се посветат на зајакнувањето на здравствените системи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот