Поезија од Стефан Марковски објавена во американското списание Harbinger Asylum

Пет песни од македонскиот поет Стефан Марковски беа објавени во летниот број на списанието Harbinger Asylum, кое излегува 4 пати годишно во Хјустон, Тексас, во издание на Transcendent Zero Press.

Прилогот со застапените песни е насловен По трагата на белиот грифон и опфаќа делови од истоимената поетска збирка објавена минатата година во издание на издавачката куќа Антолог и македонско-англискиот избор Ветена земја / Promised Land и се во превод на авторот и Никола Ѓелинчески.

Во актуелниот број, со прозни и поетски прилози на 118 страни присутни се над 40, меѓу кои меѓународно афирмирани автори од сите континенти, што говори за глобалниот предзнак на ова списание.

Уредници на списанието се американските книжевници и книжевни теоретичари: Дастин Пикеринг, З. М. Вајс, Стути Шри и Алекс Маас, додека илустрациите се дело на визуелната уметница Вера Илкон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот