Поевтинуваат бензините од половина до еден денар

Фото: Архива на „Слободен печат“

Цените на бензините од полноќ се намалуваат од половина до еден денар, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

За еден денар се намалува цената на Еуросупер БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство, а за половина денар цената на Еуросупер БС-95.

Така, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 70 ден/лит, на дизелот 62 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51,50 ден/лит. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 68 ден/лит.

Цената на мазутот ќе се зголеми за 0,621 ден/кг со што тој од ноќеска ќе се продава по цена од 33,779 ден/кг.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот