Поевтин роаминг во земјите од Западен Балкан од јули

Цените на услугите во роаминг меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ ќе бидат намалени од следниот месец. Намалувањето во јули се очекува да биде за 27 проценти, а од јули 2021 година да биде целосно укинат.

Регионалниот договор за роаминг беше потпишан во април годинава во Белград во рамки на Вториот дигитален самит на земјите од Западен Балкан.

Регулаторите и телекомуникациските оператори до 1 јули треба да подготват акциски план и мапа за претстојните активности со прецизирање кој ден што ќе стартува.

Според податоците на СРС, оперативно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, повеќе од 76 проценти од граѓаните на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се корисници на интернет, додека 40 проценти од нив ги користат сите апликации на социјалните мрежи на мобилните телефони, а повеќето се млади луѓе.

Седумдесет отсто од стопанствениците од Југоисточна Европа сметаат дека укинувањето на цените на роамингот ќе им помогне во поттикнување на трговијата.

Повеќе од 12 милиони туристи минатата година дошле во Западен Балкан и сите биле загрижени поради цената на роамингот.

Од 1 јули 2017 година, Македонците зборуваат поевтино кога патуваат во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, откако стапи на сила третото намалување на цените на роаминг услугите согласно со Договорот меѓу четирите држави од 2014 година. Кон регионалната иницијатива се приклучија и Албанија и Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот