Поетско гостување онлајн: Наташа Сарџоска ќе учествува на поетски фестивал во Колумбија

Поетесата Наташа Сарџоска на 14 септември ќе гостува со директно обраќање во живо преку современите технологии на врвниот поетски фестивал во Меделин, Колумбија, и на интерактивен начин ќе разговара со многубројни гледачи и следбеници на оваа спектакуларна поетска манифестација во градот на вечната пролет. Таа ќе рецитира свои стихови на македонски јазик, но исто така и на шпански јазик на којшто и твори, пишува и преведува.

Фестивалот го следат над 500.000 гледачи ширум светот и неговото јубилејно 30-то издание се одржува со вонредни мерки од август до октомври 2020. На него годинава имаат свој виртуелен простор и големите светски поети, како Адам Загајевски, Хасан Зактан, Џуан Маргарит, Луис Фелипе Сарменто, Уго Мухика, како и поетесите Агнета Фолк, Нурдуран Думан, Хана Ескобар, Марисол Годој, Милена Ерколани и повеќе од стотина други светски автори.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 48, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот