ПОЕТСКИ ПРЕПЕВ: Песни од Јулијана Величковска објавени во Албанија

Избор од осум песни од стихозбирката „Отворена книга“ („ПНВ Публикации“, 2017) на Јулијана Величковска, заедно со песните на уште шестмина поети: Марам ал-Масри од Сирија/Франција, Јоргос Хронас и Нанси Данели од Грција, Душка Врховац од Србија, Џема Бокардо Клавихо од Шпанија и Здравка Шеиретова од Бугарија, е објавен во книгата „Виножито од чувства“, препеани на албански јазик од Дашамир Мало, во издание на издавачката куќа „Нераида“ од Тирана, Албанија.

– Боите, стилот, мотивите и карактеристиките на секој автор одделно се различни, па се обидов да ги пренесам во еден ваков спој, налик виножито, и се надевам дека со својата страст кон преведувањето успеав да ја доловам естетиката на нивната поезија давајќи ѝ нов живот низ боите, звукот и убавината на албанскиот јазик – објаснува приредувачот и преведувач Дашамир Мало во предговорот кон изданието.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 22, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 14-15 март 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот