Поетската збирка „Ништо помеко од сенките“ на Милош Лазаревиќ ја носи смислата на егзистенцијата

Насловна корица на книгата во издание на „Перун Артис“ од Битола

Деновиве од печат излезе поетската збирка „Ништо помеко од сенките“ на младиот и талентиран српски поет Милош Лазаревиќ. Книгата се состои од 41 песна.

Она со што импонира оваа поетска збирка е духовната конекција меѓу интимното и универзалното; неа ја доживувате како подадена рака кон семејните сеќавања и кон намислените внатрешни бури кога констатацијата е погубна, а таа е на многу наврати таква.

Милош Лазаревиќ во овие стихови многупати помислувал на основните причини за животниот тек со голем акцент врз влијанието на обичните, секојдневни настани.

Кога ќе ги сублимираме сите овие состојки заедно со фиктивните, мали, но многу интересни приказни низ истите стихови, ќе дојдеме до констатација дека времето и светлината, неодлучноста и темнината се двете координати низ кои се повлекуваат линиите на смислата на нашата егзистенција, главно духовна.

Ова е прва поетска збирка на Милош Лазаревиќ, а препевот е на Сашо Огненовски. Книгата е во издание на „Перун Артис“ од Битола.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 246, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 07-09.09.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот