Поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“ ќе се одржи во Струмица

Меѓународната манифестација „100 Илјади поети за промена“ во своето 12. издание ќе се одржи на 24 септември во Струмица. Програма ќе се реализира на две локации.

Во НУЦК „Антон Панов“ (мала сала), со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на годишниот зборник „100 илјади поети за промена“ и поетско читање на Марк Липман (САД), специјален гостин на годинашното издание, поети од градот, како и поети гости од цела Македонија.

На локацијата „наГоре“, со почеток во 22 часот, ќе биде отворена изложба на плакати од годишниот конкурс проследена со музичко-сценски перформанс.

Глобалното движење „100 илјади поети за промена“ ја реализира манифестацијата во соработка со здружението „Контекст – Струмица“.

Настанот е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“, која годинава се одржува во повеќе од 15 држави во светот, со десетици закажани виртуелни и офлајн настани, а нашата држава и Струмица се дел од ова движење уште од самиот почеток.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 147, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 24-25 септември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот