Поетската антологија „Игропис“ како хибридна форма на книга

Здружението за развој и едукација на културата и уметноста „Фуснота“ ја издаде антологијата „Игропис“. Приредувач на книгата е Драгана Евтимова, а изработката на корицата и цртежите се на Владимир Лукаш.

Во антологијата се застапени 22 македонски поети, а дел од нив беа учесници на меѓународниот проект „Шири поезија, не страв“. Kнигата е финансирана од Министерството за култура на РСМ.

Антологијата е обид да се направи хибридна форма на книга, каде што сликата се соединува со зборот, и да се добие вкрстена естетска вредност, како еден вид социјален експеримент. Преку поезијата на различни автори целта на антологијата е да се изрази и развие свеста за медиум-порака, односно да презентира лична приказна.

Авторите што се застапени во антологија се од различни генерации, а целта на промовирањето на поезијата е тоа да биде надвор од границите на обично, секојдневно читање поезија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 57, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот