Поетска збирка од Ким Симонсен: Визија за поединецот во Третиот милениум

Стихозбирката „Каква полза има човек од тоа едно утро да се разбуди на оваа страна од новиот милениум“ од Ким Симонсен (Фарски Острови) со препев од англиски јазик на Јулијана Величковска на македонски јазик е објавена од „ПНВ Публикации“.

Поетската збирка на Симонсен е уметничка целина со големи интертекстуални, географски и геолошки перспективи, претставува визија за поединецот во Третиот милениум и Земјата на која живееме, каде што времето и просторот се одвоени, а смртта е состојба во рамките на природната и бесконечната циркулација на животот на Земјата, поставувајќи го прашањето за тоа кои се трагите што ги остава една индивидуа во милијарди години долгата историја на планетата Земја.

Ким Симонсен (1970, Фарски Острови) е писател и универзитетски професор. Има објавено шест книги, главно есеи и поезија. Тој е доктор на науки од областа на книжевноста и работи како професор на Универзитетот во Амстердам.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 71, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 6-7 март 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот