Поетска награда: Отворен е конкурсот за „Антево перо“

Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ распиша конкурс за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2020 година.

Според пропозициите, наградата „Антево перо“ за 2020 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). На конкурсот до 25 август можат да се јават сите автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот стаж или државата во која живеат.

Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата, и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

Пристигнатите ракописи ќе ги разгледува тричлена комисија, во состав: Венко Андоновски (професор и писател), д-р Атина Цветаноска (книжевен истражувач) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски).

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 37, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 27-28 јуни 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот