Поетот кој нè учеше да не заборавиме да бидеме среќни, лесно умира оној кој не патува…Имал три жени, бегал од режимот, а ракописите му се спалени!

Мојата љубов има два животи за да те сака. Затоа те сакам кога не те сакам. И затоа те сакам кога те сакам, пишува нежниот поетски гениј Пабло Неруда.

Чилеанскиот поет, дипломат и добитник на Нобелова награда за литература во 1971. година, Пабло Неруда, е роден на 12 јули 1904, во градот Перал на југ на Чиле, како Рикардо Елиесер Нефтали Рејес Басоалто. Татко му работел на железница, а мајка му ја изгубил кога имал само два месеци. Набргу се селат во Темуко, каде што татко му се оженил со жена што девет години претходно му родила син. Од уште една врска на татко му, Неруда има и полусестра Лаура, со која растел.

Сакал да најде име што татко му нема да го препознае

Својата прва песна ја напишал во 1914 година. Татко му се противел на интересирањето на синот за пишување и литература, но други го охрабрувале младиот поет. Меѓу оние што му дале поддршка се нашла и Габриела Мистрал, исто така идна добитничка на Нобелова награда, која во тоа време водела локално училиште. На само 13 години, во 1917, Неруда го објавил својот прв есеј во локалниот весник, кој го потпишал како Нефтали Рејес.

(Fotografía del joven Neruda, aún firmando como Ricardo Reyes.)En 1917, publica su primer artículo en el diario La…

Publiée par Pablo Neruda sur Dimanche 24 juillet 2011

Од 1918 до 1920, објавил повеќе песни во весниците, потпишани под истото тоа име, а до средината на 1920 година го присвоил името Пабло Неруда. Младиот поет сакал да најде име што татко му нема да го препознае. Презимето Неруда го презел од чешкиот поет Јан Неруда, а се смета дека името Пабло било инспирирано од поетот Пол Верлен.

Продал сè што имал за да ја објави првата книга

Со 16 години, во 1921, Неруда се сели во Сајгон за да студира француски. За да ја објави првата збирка поезија „Самрак” истата година, продал сè што имал, а следната година нашол издавач и за збирката „Дваесет песни за љубовта и една песна без надеж“. Овие песни предизвикале контроверзии со својот еротски набој, особено поради возраста на авторот. Сепак, критиката ги прифатила и двете збирки и тие подоцна ќе се преведат на многу јазици.

Во текот на децениите што следуваат збирката „Дваесет песни“ е продадена во повеќемилионски тираж и станува најпозната книга на Неруда, иако до второ издание не дошло сè до 1932 година. До своите 20 години Неруда стекнал меѓународен углед како поет, но го мачела сиромаштијата. Заради финансиските тешкотии во 1927 година прифатил хонорарна работа во конзулатот во Рангун, кој тогаш ѝ припаѓал на Бурма. Подоцна работел во Цејлон, Јава и во Сингапур. На Јава ја запознал и службеничката на една холандска банка со која ќе се ожени.

Додека се занимавал со дипломатска работа, пишувал и истражувал различни стилови. Потоа е именуван за чилеански конзул во Аргентина, во 1933. Додека живеел во Буенос Аирес, патувал во Шпанија, каде што се сретнал со Лорка. Крајот на истата година е поставен во конзулатот во Шпанија, па Неруда во Мадрид се дружи со другите писатели, дури основал и литературно списание „Зелен коњ за поезија“ во 1935 година.

Почетокот на граѓанската војна во Шпанија го прекинува политичкиот, но и поетскиот развој на Неруда. Од Мадрид заминува во 1937, по убиството на Гарсија Лорка, но набргу се враќа во Европа за да им помогне на бегалците да одат во САД.

Криење и бегање од режимот

Од 1939 година, Неруда работи како конзул во Мексико, а по враќањето дома, избран е во Сенатот и станува член на Комунистичката партија. Чилеанката десничарска власт го прогласила комунизмот за илегален и Неруда го исклучиле од Сенатот, па почнал да се крие и да бега од режимот.

Во Чиле се вратил во 1952 година кога владата ја повлекла наредбата за апсење на левичарите.

Тогаш се оженил по трет пат со Матилда Урутија, по двата брака, кои завршиле со развод. Следните 20-тина години, ја продолжил својата поетска и политичка кариера, пишувајќи и за приватните, но и за општите проблеми, па станал познат и како „народен поет“, Добил повеќе престижни награди, а во 1971 и Нобеловата. Следната година е закитен со златниот венец на Струшките вечери на поезијата.

"Cómo cuesta en este planetaamarnos con tranquilidad:todo el mundo mira las sábanas,todos molestan a tu amor.Y se…

Publiée par Pablo Neruda sur Samedi 24 septembre 2011

Куќата на Неруда обиена, ракописите спалени

Пабло Неруда во 1970 година е номиниран за претседател на Чиле, но се повлекол давајќи му поддршка на Салвадор Аљенде, кој подоцна е избран. Неруда е поставен за амбасадор во Париз. Во текот на тие две години на тоа место многу помогнал околу преговорите за надворешниот долг на Чиле, но неговиот мандат бил прекинат од болест.

Се вратил во Чиле каде што тешко го погодиле и нападите на власта на Аљенде, како и превратот на генералот Августо Пиноче. Срцето му откажало 12 дена по падот на првата демократска власт во Чиле, на 23 септември 1973, во болницата во Сантјаго.

Погребот на Неруда е одржан со огромно присуство на полиција, а се претворил во протест против новиот режим на Пиноче. Куќата на Пабло Неруда е обиена, а неговите ракописи и книги се однесени и запалени.

Во продолжение уживајте во нашиот избор поезија од Пабло Неруда. 

 

Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови

Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови.

Да напишам, на пример: „Ноќта е ѕвездена,

модри ѕвезди трептат во далечината“

Ноќниот ветер кружи на небото и пее.

Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови

Ја сакав, а понекогаш и таа мене ме сакаше.

Во ноќите како што е оваа, во мојата прегратка беше.

Ја бакнував, повторно и повторно, под бесконечното небо.

Понекогаш ме сакаше, и јас неа ја сакав.

А како да не се сакаат тие големи, неподвижни очи!

 

Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови.

Да помислам дека ја немам. Да почувствувам дека ја загубив.

Да ја слушам бесконечната ноќ, уште понеизмерна без неа.

И стихот паѓа врз душата како роса врз пасиштето.

Што е важно што мојата љубов не можеше да ја сочува.

Ноќта е ѕвездена, а таа не е со мене.

И тоа е се. Во далечината некој пее. Во далечината.

Несреќна е мојата душа што неа ја загуби.

Мојот поглед ја бара како да сака да ја доближи.

Моето срце ја бара, а таа не е со мене.

Истата ноќ ги облекува во бело истите стебла.

Ниту ние од вчера, веќе не сме истите.

Повеќе не ја сакам, сигурно, но колку само ја сакав!

Мојот глас го бараше ветерот за да и го допре увото.

На друг. На друг ќе му припадне. Како и пред моите бакнежи.

Нејзиниот глас. Јасното тело. Нејзините бесконечни очи.

Повеќе не ја сакам, сигурно, но можеби сепак ја сакам.

Љубовта е толку кратка. А заборавот толку долг.

Зашто во ноќите како што е оваа ја држев во својата прегратка

Несреќна е мојата душа што неа ја загуби.

Иако ова е последната болка која ми ја нанесува

И овие стихови последни кои за неа ги пишувам.

Ми се допаѓаш кога молчиш

Ми се допаѓаш кога молчиш

Како да си отсутна,

Ме слушаш од далечина

А мојот глас не те допира

Како очите да ти одлетале далеку чиниш

Како бакнеж да ти ја запечатил устата.

 

И зашто сите предмети се полни со мојата душа

Од нив изнуркуваш

Полна со мојата душа

На мојата душа личиш

Ти, пеперутко на сништата,

Ти личиш на зборот –

Меланхолија.
Ми се допаѓаш кога молчиш

Како да си отсутна,

Како да се жалиш, ти пеперутко вљубена како гулаб.

Ме слушаш од далечина

А мојот глас не те допира,

Дозволи ми да замолчам во твојот молк

Дозволи ми да ти зборувам низ твојот молк

Со светлост на светилка

Едноставна како прстен.

Ти личиш на ноќ

Тивка и оѕвездена

Твојот молк е од ѕвезди

Далечни и искрени толку.

 

Ми се допаѓаш кога молчиш

Како да си отсутна,

Далечна, со тага исполнета, како да си мртва.

И само еден збор тогаш, само една насмевка е доволна –

За радост

За да сум радосен што тоа не е вистина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот