Поетесата Гордана Каракашевска учествува на поетски фестивал во Саранда

Македонската поетеса Гордана Каракашевска со уште тројца поети од Македонија учествува на најголемиот интернационален поетски фестивал во Саранда, Албанија. Поетскиот фестивал е во организација на „Јонскиот креативен клуб“, а се одржува во периодот од 29 септември до 1 октомври.

На шеснаесеттото издание на фестивалот „The Trireme of the Ionian Poetry“ ќе настапат педесетина учесници од целиот свет. На ова издание на фестивалот ќе биде промовирана антологијата „Trirema e Poezisë Joniane“, во која се застапени учесниците со творби во превод на албански јазик.

Гордана Каракашевска е застапена со три творби од стихозбирката „Куќа од хартија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот