Поедноставете си ги навиките

Колку пати сте се нашле во ситуација кога сте го заборавиле паричникот, сте го оставиле во автомобил или сте изумиле да го земете, а сте тргнале да купувате нешто?
Луѓе сме, се случуваат и такви моменти. Но тоа не значи дека треба да се грижите дека не постојат начини за поедноставување на тие ситуации. Освен што можете да „побарате помош од пријател“, можете и вие да бидете оној кој ќе помогне во ситуација кога некој е во ситуација да му се потребни пари.

Многу банки имаат опции и услуги преку кои можете да направите трансакција што ќе ви овозможи брз пристап до кеш, без користење картичка. Таква услуга е СМАРТ КЕШ, од Халкбанк АД Скопје. Оваа услуга овозможува сите физички лица со активна трансакциска сметка и дебитна кратичка, да подигнат готовина од сите банкомати на банката, без картичката. Со избирање на полето СМАРТ КЕШ преку електронското банкарство или мобилната апликација го генерирате 10 цифрениот код кој  треба да се искористи на АТМ на Халкбанк во времетраење од 12 часа.

Услугата е лесна, бидејќи може да се користи преку електронско банкарство и мобилната апликација. На флексибилен начин можете да ги користите вашите пари, а најзгодно е што можете да им помогнете на вашите најблиски или трети лица кога не носат паричник со себе или едноставно во мигот немаат кеш. Затоа е банката тука, да овозможи пристап и едноставна услуга.

Освен оваа услуга, постои уште еден начин на кој можете да направите трансфер на средства, и тоа преку само еден клик! И не само тоа – можете да префрлите средства преку контакт од вашиот телефонски именик кој има активна сметка во Халкбанк АД Скопје со услов да има активирана услуга – Smart Send.

Оваа услуга е намената за лица кои имаат активна трансакциска сметка и се корисници на електронско и мобилно банкарство.

1.Со избирање на полето SmartSend преку електронското банкарство или мобилната апликација ја активирате услугата со потврда на вашата трансакциска сметка и мобилен број.

2.За да извршите трансакција преку услугата SmartSend потребно е да го внесете износот што сакате да го префрлите и да  изберете контакт од телефонскиот именик и да ја потврдите трансакцијата.

*Контактот од вашиот именик потребно е да има активна сметка во Халкбанк и активирана услуга SmartSend со мобилниот број кој му е поврзан со електронското банкарство  за успешна да биде трансакцијата за плаќање и примање на средства.

 

Доколку не сте го направиле досега профилот за електронско банкарство, сторете го тоа сега и поедноставете си ги навиките за плаќање и трансфер на средства. Само за вас, Халкбанк АД Скопје има достапна мобилна апликација која е бесплатно достапна за клиентите. Со оглед на сеприсутноста на мобилните уреди (телефони,таблети) во секојдневниот живот, ваквата апликација Ви овозможува во било кое време и место да имате увид во своите сметки и да вршите трансакции на брз и едноставен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот