Подводна шпионажa: Како една ТУНА може да стане Џејмс Бонд на иднината (ВИДЕО)

Научниците, водени од фактот дека најмалку внимание привлекуваат оние работи кои не отскокнуваат од ништо, кои изгледаат како другите предмети или суштества во нивната околина, одлучиле да создадат туна шпион.

Направиле нов робот кој личи на туна и има способност да ги имитира начините на кои ти риби пливаат.

Првобитната намена на роботот наречен Тунабот била да проникне во начинот на движење на рибите и на научниците да им овозможи да разберат кое движење за што служи.

Брз и подвижен пливач

Меѓутоа, ако сè оди според планот, туна роботите би можеле да се користат за подводна шпионажа. Тој вид риби е избран бидејќи станува збор за брз и подвижен пливач.

Тунаботот претставува значаен напредок во развојот на подводните роботи, со оглед на тоа што досегашните подводни роботи ги имитираат само спорите движења на рибите, а со Тунаботот се отишло чекор понапред.

Новиот робот во иднина би можел да добие и сензори кои би му овозможиле детално да ги следи подводните операции, па дури и да се занимава со шпионажа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот