Подвижната библиотека во Штип одбележува 18 години постоење

Штипската библиотека „Гоце Делчев” денеска одбележува 18 години од постоењето на Инфо бусот, односно подвижната библиотека, која има за цел книгата да ја доближи, но и да биде достапна за сите граѓани од општините Штип и Карбинци.

Директорот на библиотеката „Гоце Делчев”-Штип, Зоран Костовски вели дека приказната со Инфо бусот почнала во 2003 година, по примерот и добрата пракса во Канада.

-Со Инфо бусот се опфаќаат селата од Општина Карбинци и приградските населби во Штип, а најповеќе се прифатени од читателите за лектирните изданија, од прво до деветто одделение и стручна литература за студенти и во последно време форсираме и земјоделска литература, за земјоделците, вели Костовски.

Инфо бусот денеска беше на Градскиот плоштад „Слобода”, а градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов доби благодарница, бидејќи локалната власт веќе 18 години помага да опстои овој проект. Посочи дека Инфо бусот е успешна приказна, со што книгата е поблиску до секој граѓанин, а овој позитивен проект е презентиран и како успешен и пред македонската, но и светска јавност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот