Подвигот на „лудиот“ пилот кој вечно се памети: Со руски ловец МиГ-17 прелетал под мост

Во далечната 1965 година, бунтовна деценија кога беше популарно да се спротивставувате на правилата, па дури и тогаш кога било опасно. Или потточно дури и лудо.

Токму таков бил советскиот пилот Валентин Привалов, кој извел неверојатен и незамислив потфат – тој прелетал под мост со авион. И не било каков авион, туку на воен МиГ- 17.

Местото на настанот бил мостот на реката Об во западен Сибир. Лакот на мостот бил висок само 30 метри, широк околу 120 метри, па ниту еден пилот со здрав разум не би се осмелил да оди под него во борбен авион,  но Валентин не бил било каков пилот, туку тој бил бестрашен „закачко“.

Самиот настан го опишаа сведоци кои биле присутни на настанот, иако во неколку наврати подоцна имаше сомнеж за кредибилитетот на познатата фотографија од подвигот.

Сепак, приказната останува. Тоа било сончев ден на 4 јуни 1965 година, а пилотот прелетал под централниот дел на Комуналниот мост во Новосибирск. Обала на реката била полна со пешаци, туристи кои биле таму на годишен одмор, но и офицери од блиската база кои дошле да уживаат во сонцето, пренесува „Vintage News“.

Потоа, одеднаш, на небото се појави сребрен млаз и очигледно било дека тој изведува некои акробации. Сите биле зачудени, со погледите вперени нагоре. Одеднаш, авионот нагло се спуштил, а пред било кој да го разбере, се протнал под мостот. Тоа било чин на прекрасна вештина, бидејќи летот на МиГ со толкава прецизност дотогаш никогаш не бил виден.

Се известуваше дека Приваллов го сторил тоа по своја иницијатива и без никакви налози. Толпата собрана на мостот започнала да аплаудира спонтано, но претпоставените на пилотот не беа пресреќни. Тој добил суспензија.

Подвигот речиси ја чинеше неговата кариера во Советските воздушни сили. Му се заканувала дисциплинска постапка, но самиот Маршал, Родион Малиновски, го сметал неговиот потфат како добра реклама за војската. Луѓето биле воодушевени, а приказната за тоа што го сторил се раширила низ СССР.

Привалов бил испратен во елитната московска ескадрила на  воениот аеродром Кубинка.

Фотографија од настанот неодамна започна да кружи на Интернет, па го пронашла својот пат до светското внимание преку разни форуми на руски јазик. Иако потеклото на фотографијата е контроверзно, прикажаниот настан се чини дека не е.

Наводно, Пиваллов тој ден летал околу 700 милји на час со брзина од 1.126 км на час. Некои тврдат дека фотографијата е направена само за да се илустрира настанот, бидејќи се случило без предупредување, па затоа било невозможно да се документира.

Објавено е во советските весници, па дури и одекнуваше во американскиот печат кога се споменуваше написот од 27 август 1965 година.

Валентин Привалов ја продолжил својата раскошна и успешна кариера во Советските воздушни сили, а се пензионирал како заменик началник на рускиот центар за контрола на воздушниот сообраќај во Москва. Малку се знае за неговиот личен живот и дали тој сè уште е жив или не, но неговиот потфат останува легендарен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот