ПОДУЕНОСТ ВО ЦРЕВАТА: Зошто се случува и како да се реши овој проблем?

Фото: Профимедиа

Нервозните црева може многу да го искомплицираат секојдневието. Тоа е непријатна и често болна состојба, а има и проблем кој може да ја предизвика.

Најчесто е предизвикана од гасовите кои се создаваат од храната како мешунки, кромид и лук, брокули и прокељ. Друга причина може да биде запекот, кој лесно можете да го решите со вклучување храна богата со растителни влакна и со редовно вежбање.

Внимавајте и на голтањето воздух за време на јадењето и секако, избегнувајте газирани пијалаци, особено со нив да ги „подбутнувате“ залаците.

Нетолеранцијата на одредени состојки или видови храна исто така може да предизвика подуеност, запек или дијареја. Поради тоа треба да направите тест за нетолеранција на храна, за да бидете сигурни дека не си создавате самите проблем со намирниците кои ги јадете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот