Подржувачите на Навални ги обвинија Гугл и Епл за капитулација под притисок на Кремљ Путин гласа преку Интернет

Поддржувачите на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални ги обвинија технолошките гиганти Гугл и Епл дека подлегнале на притисокот на Кремљ и ја избришале апликацијата за гласање од нивните онлајн продавници.

Според западните медиуми претходните денови, руските регулаторни тела, извршиле силен притисок врз технолошките компании да ја блокираат иницијативата на Навални за „Паметно гласање“, која требаше да ги канализира гласовите на опозицијата кон најсилните противници на владејачката Единствена Русија.

Со други зборови, Навални ги повика Русите да гласаат за кандидатите кои според неговиот тим имаат најголеми шанси да го победат кандидатот на Обединета Русија. Целта е, во границите на системот на Путин, да се украде „супер мнозинство“ на неговата владејачката партија

Властите реагираа со блокирање на пристапот до страницата на Навални за Паметно гласање и спречување на преземање апликација која покажува кои кандидати треба да бидат поддржани.

.Откако денеска започна тридневното гласање, апликациите за „паметно гласање“ исчезнаа од продавниците на Гугл и Епл. Советникот на Навални, Иван Жданов објави писмо што го доби од „Епл“ во кое е информиран дека апликацијата ќе биде отстранета бидејќи нејзината содржина е „нелегална“.

Организацијата на Навални во Русија е прогласена за „екстремистичка“

Жданов оцени дека отстранувањето на апликациите е „срамен чин на политичка цензура. Руската авторитарна влада и пропаганда ќе бидат воодушевени“. Тој, исто така, објави дека размислуваат да покренат тужба против Гугл и Епл.

Денеска започнаа тридневните парламентарни избори во Русија, со отворање избирачки места на крајниот исток на земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој е во самоизолација бидејќи бил опкружен со заразени луѓе, ќе гласа на Интернет на избори за кои опозицијата тврди дека се нерегуларни, бидејќи претседателот забрани политичка активност од кој било релевантен независен и опозициски кандидат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот