Подрачните канцеларии на МЗШВ ќе работат и за време на викендот за аплицирање за субвенции

Од МЗШВ потсетуваат дека поднесувањето на барањата може да се врши и електронски, односно самостојно од страна на барателите.

Рокот за поднесување за барања за пријавување за субвенции за Програмата за директни плаќања за 2020 година, истекува на крајот на месецов. Со цел да им излеземе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, сите Подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работат и за време на викендот до истекување на рокот за доставување на апликациите, се вели во денешното соопштение на МЗШВ.

Од таму потсетуваат и дека поднесувањето на барањата може да се врши електронски, односно самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот  на веб страна на Агенцијата за финанисиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ( www.ipardpa.gov.mk), кадешто е ставено упатството за аплицирање.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, можат да се обратат во  Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во целата држава,  кои им стојат на располагање за се што ги интересира во врска со поднесувањето на барањата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот