Подољак: Русија ја смени воената тактика за да ја принуди Украина да се согласи на територијални отстапки

Михаило Подољак / Фото: ЕПА

Михаил Подољак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска изјави дека Русија ја сменила својата воена тактика за да ја принуди неговата земја да се согласи на територијални отстапки, пренесе Укринформ.

-Русија ја смени тактиката. Сега ги напаѓа нашите градови со помоќни крстосувачки ракети. Зошто? Затоа што од воена гледна точка , како што се виде, Русите не знаат многу добро да се борат, рече Подољак.

Советникот на Зеленски истакна дека Русија се префрлила на воена тактика, со која сака да предизвика масовна паника во Украина, да ги исплаши луѓето и да ги принуди да вршат притисок врз нашата влада да се согласи на некои отстапки за Русија.

Според него, Русија инвестира и во своето проруско лоби на политичката сцена во другите земји за да добие поддршка од него.

-Денеска излезе нов напис на господинот Кисинџер, во кој тој повторно вели дека Мора да се направат одредени територијални отстапки, па дури тогаш ќе се појави можноста за запирање на војната, додаде Подољак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот