Подољак ги отфрли обвинувањата дека Украина стои зад експлозиите на Крим

Михаило Подољак / Фото: ЕПА

Киев не е одговорен за вчерашните експлозии во руската воздухопловна база на Крим, изјави Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, сугерирајќи дека можеби станува збор за диверзантски акции на партизански единици.

На новинарско прашање дали Украина ја презема одговорноста за експлозиите на Крим, Подољак одговори: „Се разбира дека не”. Што имаме ние со тоа?”

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродромот на Крим, соопшти вчера локалното Министерство за здравство.

Руското Министерство за одбрана претходно објави дека муниција експлодирала на аеродромот на Крим, но дека немало никаков напад и дека ниту еден авион не е оштетен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот