Подобрувањето на изборниот систем на Хонгконг е императив за Пекинг

epa09030566 The Hong Kong and Shanghai Banking Corporation, (HSBC), headquarters building stands on Hong Kong island in Hong Kong, China, 23 February 2021. The Hong Kong and Shanghai Banking Corporation (HSBC) will report its full-year results on 23 February 2021. HSBC is also expected to announce a cadre of senior executives? relocation to Hong Kong in coming months to Hong. EPA-EFE/JEROME FAVRE

Кинескиот вицепремиер Хан Џенг повика на подобрување на изборниот систем во Хонгконг, во кој, како што рече, има дупки и потребно е да се унапреди.

Хан, кој исто така е шефот на централното тело за Хонгконг и Макао, присуствуваше на состаноци со членови на Секинескиот народен конгрес од тие автономни кинески територии, јавија локалните медиуми.

– Патриотите кои управуваат со Хонгконг се клучни за принципот „една земја, два система” и ставот на централната Влада е конзистентен и никогаш не се сменил, им рече Хан на пратениците, додавајќи дека се потребни мерки за подобрување на изборниот систем и да „се обезбеди дека патриоти владеат со Хонгконг”.

Хан ја истакна важноста на владеењето на правото, како и целосната примена на принципот „една држава, два система”.

Тој ги повика пратениците целосно да ја поддржат одлуката на Постојаниот комитет на Конгресот и намерата да се подобри изборниот систем на Хонгконг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот