Подобро од сладолед: Рецепт за неодолив леден чизкејк
Ледениот чизкејк е летен деликатес, идеален доколку сакате да уживате во освежителен десерт, кој може да го подготвите однапред, пишува „Пун куфер“.
Слободно прилагодете го филот по вкус – тоа може да биде шумско овошје, компот од цреши, растопена карамела. Дефинитивно, можностите се безбројни.
Потребни состојки:
Подлога:
- 200 гр бисквити
- 2 лажици кафеав шеќер
- 60 гр путер
Крем:
- 240 мл полномасна слатка павлака
- 450 гр крем-сирење
- 120 мл полномасна кисела павлака
- 120 гр шеќер во прав
- 2 лажички екстракт од ванила
- 1 лажица сок од лимон
- ½ лажичка сол
Подготовка:
Измешајте ги мелените бисквити, а доколку имате обични бисквити – ставете ги во пластична ќесичка и поминете неколку пати врз нив со сукало за да ги искршите на ситни парченца. Додадете шеќер и стопен путер, па мешајте додека не се соедини смесата. Цврсто притиснете ги бисквитите во калап од 22 см. Ставете ја подлогата во фрижидер околу 15 минути да се излади.
Измешајте ја слатката павлака и ставете ја на страна. Измешајте го крем-сирењето со шеќерот во прав, солта, екстрактот од ванила и сокот од лимон. Во смесата со крем-сирење со шпатула додадете ја слатката павлака. Прелијте ја добиената смеса врз изладената кора од бисквити. Убаво протресете го калапот за да слегне смесата.
Оставете го чизкејкот во замрзнувач преку ноќ. Откако добро ќе се стврдне, декорирајте по ваша желба.
Уживајте!