ПОДОБРО ОД СЦЕНАРИОТО: 10 тајни од снимањето на „Игра на тронови“

игра на тронови game of thrones
Фото Профимедиа

Заврши една од најскапите и најгледаните серии на сите времиња. Крајот разочара многумина, но тоа не значи дека серијата некогаш ќе изгуби од популарноста.

Ова се десет тајни од снимањата на серијата кои се подобри од самото сценарио:

1. Џ.Р.Р. Мартин двапати изгубил записи од сценариото и добивал празни пликоа. Но, никогаш ниту една од тие информации не излегла во јавност.

2. Питер Динклиџ е вегетаријанец и секое „месо“ што го јаде неговиот лик е всушност тофу.

3. Месечевата врата всушност е длабока само еден метар.

4. Однесувањето на змејовите со Денерис е анимирано по примерот на тоа како мачки се однесуваат со луѓе.

5. Продукцијата се шегувала со Кит Харингтон дека е преубав за улогата на Џон Сноу и дека ќе мора да го „уништат“, а тој наседнал на тие шеги.

6. Пред да ја изберат Мејси Вилијамс за улогата на Арја, продукцијата направила кастинг со 600 девојчиња.

7. Синот на актерот кој го глуми Станис го глумеше малиот Том Ридл во „Хари Потер“.

8. Најголем проблем за време на снимањето било смеењето, особено на Питер Динклиџ и Лена Хедеј.

9. На Емилија Кларк ѝ се слошило додека ја снимала сцената во која јаде месо од коњ.

10. Некои од статистите сцена од три секунди ја подготвувале и по неколку недели.

[ReviewDisclaimer]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот