Подобро искрено „не“, отколку лажно „да“ за членство на земјава во ЕУ

Пристапот за проширување на Европската Унија се одвива без политичка волја и на многу козметички начин, оценуваат угледни експерти од ЕУ. Тие објаснуваат дека по овој тек на работите, Македонија ќе наиде на огромни проблеми дури и доколку добие зелено светло за почеток на преговарачкиот процес идната пролет.

Како што посочуваат експертите, голема е веројатноста одлуката за проширување на европското семејство да биде неволно донесена. Експертот Курт Басинер од Советот за политика и за демократизација вели дека во голема мера го загрижува тоа што кон проширувањето на ЕУ се пристапува на многу тактично козметички начин, наместо со стратешки ориентиран пристап.

– Само ги одложуваме проблемите наместо да се соочиме со нив и да ги решиме. Ако вака се движат работите меѓу земјите-членки на Унијата и доколку францускиот претседател Емануел Макрон каже „да“ за проширувањето, тогаш Северна Македонија ќе наиде на проблеми во иднина, дури и ако преговорите започнат. Тоа ќе биде пирова победа, ако тоа се случи пред или по изборите во април – објаснува Басинер.

Повеќе прочитајте во утрешното печатено издание на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот