ПОДОБРЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ со овие 8 едноставни совети
Есента е на самиот праг, а со тоа веќе почнува и периодот на настинки. Поради тоа, треба да поработиме на имунитетот додека уште имаме време.
Ако сте од оние кои често се разболуваат, треба да се посветите на засилување на имунитетот и да се заштитите од можните вирози, преладеност и настинки.
Тоа не се прави преку ноќ, туку треба значајно да се потрудите.
Излезете на сонце
На имунитетот му е потребен витаминот Д, а тоа можете да го осигурате со доволен престој на сонце.
Облечете се потполо
Навечер температурите паѓаат, па бидете сигурни дека секогаш со себе носите барем потенок џемпер кој ќе ве заштити од студ.
Јадете цитруси
Тие содржат витамин Ц, кој ќе доведе до засилување на имунитетот и ќе го стимулира создавањето на бели крвни зрнца.
Избегнувајте стрес
Иако ова е полесно да се каже, отколку да се изведе во пракса, сепак внимавајте да не се изложувате на стрес и да го земате тоа при срце.
Медитирајте
Најдете ја својата идеална практика и барем еднаш во денот посветете си време за себе, без да се заморувате со нешто друго.
Пијте зелен чај
Зелениот чај е богат со полифеноли и флавониди, кои се моќни антиоксиданси. Пијте го топол.
Користете ѓумбир и лук
И двата продукта се познати по тоа што имаат антивирусни и антимикробни својства и ќе ви помогнат да се изборите со настинката.
Користете зачини
Сите зачини, меѓу кои и циметот, каранфилчето, шафранот, магдоносот и многу други, имаат антибактериски, аналгетски и антивоспалителни својства.