ПОДОБАР СОН: Зошто е важно да спиете во ладна соба?

спиење
Фото: Pixabay

Кога температурите надвор се ниски, не можеме да одолееме, а да не вклучиме грејно тело во спалната соба. Но, правиме голема грешка.

Според многу доктори, на температура повисока од 24 степени, сонот веќе губи квалитет и може да се разбудите уморни, наместо наспани.

Во текот на ноќта температурата на телото опаѓа, а доколку во собата е меѓу 15 и 19 степени Целзиусови, побрзо ќе заспиете. Внимавајте да не оди над 24, односно да не паѓа под 13 степени.

На овој начин ќе изгледате одморено, сонот ќе биде помирен, а и го намалувате ризикот од метаболички заболувања, како што е дијабетесот.

Така, имајте на ум дека најдобро е да не вклучувате греалки, или пак да ги користите додека во спалната соба постигнете оптимална температура за подобар сон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот