Поднесено обвинение за тешка телесна повреда пред дискотека во Марино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, од кои едниот обвинет се гони за кривично дело – тешка телесна повреда, додека неговиот брат за помагање при извршување на истото кривично дело.

„На 23 март годинава, 19-годишниот обвинет, помогнат од неговиот 20-годишен брат, со умисла нанел тешка телесна повреда на едно лице пред дискотека во скопското село Марино. Оштетениот пред тоалетот на дискотеката најпрвин физички бил нападнат од постариот брат, кој го удрил со бокс во пределот на лицето. Потоа пред дискотеката бил пресретнат од обвинетите, при што помладиот брат дошол од неговата лева страна и со нож го прободел во левиот долен дел на стомакот, нанесувајќи му тешки телесни повреди и оштетување на бубрегот и на слезината. По настанот, двајцата обвинети со возило заедно го напуштиле местото“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

За двајцата обвинети на сила се мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, забрана за преминување на државната граница со друг личен документ, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетениот и со сведоците на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот