Поднесено обвинение во предметот познат како „Лидери“

По спроведена предистражна и истражна постапка од поранешното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице во предметот во јавноста познат како „Лидери“. Обвинетиот 50-годишник од Скопје се товари за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од септември 2011 до февруари 2013 година, обвинетиот градел на земјиште во државна сопственост на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, за кое во 2004 година имал склучено Договор за закуп и користење на пасишта со ЈП за пасишта – Подружница Бит Пазар – Скопје. Иако согласно договорот бил корисник на земјиштето за период од 10 години, тој инвестирал во градба на армирано-бетонски објект од втора категорија. Без одобрение за градба тој изградил станбена зграда на два ката со вкупна корисна површина од 1.001 м2, со деловен простор и шест стана.​

Прочитајте и...  „El Diablо“ ги запали страстите на Кипар: Упад и закани во државната телевизија по избор на „сатанистичка песна" за Евросонг

Поврзани вести

Донирани автоматски пушки од САД за модернизација на Армијата

Слободен печат

Прогноза за Арктикот до крај на векот: Температурата може да се зголеми за 20 степени

Слободен печат

Портпаролот на Вмро-Дпмне ќе стане татко

Слободен печат

Албанија регистрира црн месечен рекорд на ковид-19: Во февруари починале 406 лица, меѓу нив и 18 годишник без коморбидитети

Слободен печат

ВО ЖИВО: Заев и Шилегов за реконструкцијата на Универзална сала

Слободен печат

Демонстранти упаднаа во владината зграда во Ереван

Слободен печат

Остави Коментар