Поднесено обвинение против скопјанец за поседување дрога и муниција

Основно јавно обвинитрлство / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 во врска со член 45 и за кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 1 од Кривичниот законик.

-Кај обвинетиот 29-годишник, на 28 септември, во неговото живеалиште на улицата „Бранко Заревски” била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 25,69 грама, во различни пакувања, 27 семки од растение кое припаѓа на растителниот род – Cannabis, како и наркотична дрога – кокаин во две најлонски пакувања со вкупна нето маса од 3,77 грама. Исто така, била пронајдена и дигиталната вага со остатоци од кокаин. Обвинетиот недозволено држел и муниција – 30 куршуми со калибар 6,35 наменети за огнено оружје – полуавтоматски пиштол. При претрес на адресата на која престојувал обвинетиот на улица „Париска” во Скопје, пак, биле пронајдени уште 3,31 грама наркотична дрога – марихуана- стои во соопштението на ОЈО Скопје.

Надлежниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот