ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ НЕТАНЈАХУ: Објавено на 77 страници со 333 сведоци!

Актуелниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот јавен обвинител официјално поднесе обвинение против премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој сега има рок од 30 дена да поднесе жалба барајќи имунитет.

Обвинението е објавено на 77 страници, според кое израелскиот премиер се товари за мито, кршење на довербата и измама.

Во обвинението се наведува дека судењето на израелскиот премиер ќе биде во судот во Ерусалим. Исто така, има 333 сведоци што државниот обвинител би можел да ги повика.

Нетанјаху (70) ги отфрла обвиненијата, како и повикот да поднесе оставка.

„Кога имате вистински случај не ви се потребни 333 сведоци, а кога не постои дури ни 333 сведоци нема да помогнат”, напиша Нетанјаху на Твитер.

Доколку биде осуден за примање мито му се заканува затворска казна до 10 години, а за измама и кршење на довербата максимална казна од три години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот